Бајден и Ердоган ја договориле улогата на Турција во повлекувањето на трупите од Авганистан

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот турски колега по должност Реџеп Тајип Ердоган на средбата претходно седмицава договориле Турција да ја има водечката улога во обезбедувањето на аеродромот во Кабул во моментот на повлекувањето на трупите на САД од Авганистан соопшти во четвртокот американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Меѓутоа, Бајден и Ердоган на таа средба не успеале да го разрешат долготрајното прашање за купувањето од страна на Турција на руските напредни противвоздушни ракетни системи „С-400 Триумф“, потврдил Саливан за жестокиот спор меѓу Вашингтон и Анкара кој ги залади односите меѓу земјите кои ги имаат двете најголеми армии во НАТО и кој доведе до одредени американски санкции за турската економија.

Саливан рекол дека дијалогот за ова прашање ќе продолжи.

„Кога станува збор за С-400, челниците разговараа за ова прашање. Тие не успеаја да го решат и се согласија да продолжат со дијалогот за руските системи“, изјавил Саливан во текот на телефонскиот брифинг за новинарите.

„Челниците јасно се обврзаа Турција да ја има водечката улога во обезбедувањето на меѓународниот аеродром ‘Хамид Карзаи’, а моментално работиме на спроведувањето на овој план“, продолжил Саливан на брифингот.

Додал дека САД сериозно гледаат на загриженоста во врска со потенцијалните талибански напади на меѓународните мисии во Авганситан.

Повлекувањето на САД од нивната најдолга дводецениска војна официјално започна на 1-ви мај.

Оваа дата во мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп беше договорен со талибанските бунтовници како рок за крајното повлекување, но сегашниот претседател Џо Бајден го одеди како почеток на повлекувњето кое треба да заврши на 11-ти септември, точно на 20-годишнината од терористичките напади на Ал Каед врз САД, што беше директниот повод за американската инвазија во Авганистан.

Пролонгирањето на американското повлелување, пак, предизвика остри реакции од различните фракции во исламистичките движење Талибан.