Во камион на македонски возач најдени 300 клoграми кокаин во Албанија

Полицијата во Албанија уапсила македонски државјанин во чиј камион се пронајдени 300 килограми кокаин.

Тој бил спакуван во пакетчиња со амблеми на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот моден бренд „Диор“ се запленети во Драч при контрола на македонски камион кој превезувал железо, соопшти албанската полиција, а пренесуваат регионалните медиуми.

Според РТС, кокаинот бил скриен во шасијата на камионот кој превезувал железо.