Фатен командант Тануша, бегалец осуден на 20 години затвор за убиство

Бегалецот Ајвази Ајдиљраман алијас командант Тануша попладнево е приведен за издржување на затворска казна од 20 години. Тој се бараше за наредба на Основниот кривичен суд во Скопје за кривичното дело убиство, пренесува МКД.мк.

Бегалецот е предаден во полициска станица за натамошна постапка, а од МВР детали најавија за подоцна.