Пановски: Нема кој да му каже на Заев дека 10 oтсто од 7.700 е 770, тој мисли дека се 77

Го гледам премиерот Заев на Сител. Вели ‘Само 10 отсто од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017 отсто од сите вакцинирани. Од 7.700 активни случаи 10 отсто се само 77 лица’. Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и ‘Цаци’ дека 10 отсто од 7.700 е 770. Крај на муабетот, реагира д-р. Никола Пановски на изјавата на премиерот Зоран Заев.

Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн. Кога ќе најде 770 прележани од 7.700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти

Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки, пишува понатаму Пановски во својата реакција објавена на Фејсбук.