„Она секојдневното што го гледам меѓу граѓаните во Центар, сфаќам дека веќе пресудно е за сите она што претставува најнормално човечко живеење во оваа општина. И од тука гледам дека има толку многу потреба за вистинско менување на нештата во таа општина, што веќе препознавам дури и луѓе кои што се со различни политички и идејни определби, а веќе даваат изрази и поддршка за она што треба да претставува веќе промена на начинот на како се функционирало досега во оваа општина. Така да јас не се плашам воопшто дали ќе успеам да ја издвојувам победата или не, едноставно сфаќам дека тоа така треба да биде. А, јас сум решителна дека треба да се оди напред, дека треба да се победи и едноставно сфаќам дека сега е моментот тие промени да дојдат“, истакна Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар при гостување во емисијата на радио Лидер.
Котлар Трајкова додаде дека мораториумот треба да се сфати како можност за проверка на определени урбанистички планови.
„Меѓутоа во Центар постои една чудна ситуација, ако се следи дека првото решение за воспоставување на мораториумот е 27.12.2017 и ако се следат податоците на изградени објекти се добива одговорот дека точно во тој период се изградени и многу објекти и тоа преку 170. Така што овде влијае дискрапанца меѓу она што е ветено и она што е практично направено, и што претставува една фарса во овој дел на општината особено во урбанистичкиот дел. Така што со градоначалникот на СДСМ Центар доби урбанистички хаос. Но крајот на овој урбанистички хаос ќе се стави по локалните избори“, псоочи таа.
„Сѐ што постои како можност да се реагира и да се исправи нешто сигурно ќе е главна моја задача во секој случај. Меѓутоа прелистувајќи ги сите нешта кои стојат на располагање ние сме ставени пред свршен чин. Но, во секој случај ова кај Холидеј Ин треба да биде еден вид поука во однос на Треска“, рече Котлар Трајкова.
Котлар Трајкова посочи дека треба да се решат веќе нештата во Центар и тоа прво да се стави крај на коруптивноста, под итно е потребна и департизација на институциите на локалната самоуправа, но и решавање на урбанистичкиот хаос.