Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага.
– 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче. Овој народ виде оставки кои не беа чин на одговорност туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашкоски. Потребна е вистинска одговорност, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.