Заев ја релативизира одговорноста на Филипче, оценуваат комуниколози за соопштението на премиерот

Писменото обраќање на премиерот Зоран Заев, по трагедијата во модуларната болница во Тетово, наидува на остри критики во јавноста.

Во овој потег на Заев се препознава обид за релативизирање на одговорноста, како од морален, така и од кривичен аспект. Стручно мислење за содржината на соопштените кое беше потпишано од премиерот Алсат.мк побара од комуниколози.

Универзитетската професорка Јасна Бачовска – Недиќ го анализирала соопштението. Таа смета дека станува збор за многу блага изјава во однос на тежината на трагедијата која се случи и однесе 14 животи.

Бачовска – Недиќ вели дека вчерашното владино соопштение потпишано од Зоран Заев е обид да се релативизира политичката одговорност на министерот за здравство Венко Филипче. Во еден дел од соопштението Заев вели и дека дали ќе ги прифати оставките на министерот за здравство и неговиот заменик, како и на директорите во тетовската болница, ќе зависело од истрагата која се води и информациите кои ќе ги добиел.

Целосната објава може да ја погледнете на Алсат.мк