Олимпијадата во Лос Анџелес ќе чини 6,9 милијарди долари

Летните олимписи и параолимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година ќе чинат околу 6,9 милијарди американски долари, најави извршнаа директорка на Организацискиот комитет, Кети Картер.

„Олимписките и Параолимписките игри фискално ќе бидат здрави и ќе остават трајно влијание врз градот домаќин. Во прв ред, ние ќе нидеме домаќини на Игрите кои се навреме и во рамките на буџетот“, најави Картер.

Додаде дека ќе бидат користени многу веќе постојни спортски објекти во градот, а дека потрошувачката ќе биде надоместена со приходите од спонзорствата, продажабата од влезниците и од други извори.

Според Картер, клучна компонента во градењето на „трајно наследство и придобивање на скептиците“ во градот е почетокот на програмата која ќе ги подобри животите на жителите на Лос Анџелес.

„Не сакавме да ја чекаме 2029-та откако ќе ги затвориме Игрите и ќе ги средиме книгите за да поченеме да влијаеме врз учеството на децата во спортот. Веруваме дека ќе можеме да ги подобрите животите на децата во Лос Анџелес“, истакна Картер.

Се осврна и на штотуку завршените игри во Токио кои се одржаа во време на пандемија и без гледачи.

„Мораме да бидеме подготвени на напознатото. Мислам дека тоа е клучно за секој во работата, а особено за спортот, забавата и големите настани, Никогаш не можете да бидете премногу подготвени за неочекуванот“, порача Картер која е поранешна фудбалерка и поранешна извршна директорка на „Soccer United marketing“.