Најмалку седум борци на Националниот фронт на отпорот (NFR) загинале во обновените судири со борците на радикалното исламистичко движење Талибан во североисточната авганистанска покраина Баглан, пренесува авганистанската новинска агенција Pajhwok.
Според медиумите, меѓу загинатите се и двајца влијателни команданти на Фронтот во покраината, Јакуб Али Кан Андараби и Имам Нурзад Андараби. Во истите судири загуби претрпеле и талибаните, но бројот на загинатите во нивните редови не се соопштени. Други поединости за борбите засега не се дадени,.
Откако талибабите на 15-ти август влегоа речиси без борба во авганистанската престолнина Кабул, силите кои не ја признаваат нивната власт се организираа во северната провинција Панџшир, соседна на Баглан, каде што се групираа милициите на локалната таџикистанска заедници и делови од авганистанските сили на претходната влада. Нивни водачи се Ахмад Масуд и поранешниот авганистански потпретседател Амрула Салех кој се прогалси за вршиштел на должноста шеф на државата кој побара меѓународна поддршка.
Во првата седмица на септември талибанскиот портпарол Забиула Муџахид обајви дека долината Панџшир е целосно под контрола на борците на движењето. Истовремено Масуд изјави дека продолжува отпорот и ги повика сите Авганистанци на национано востание. Портпалот на мицилииите, Али Маисам Назири подоца појасни дека Фронтот минува на тактика на герилско војување.