Димитриевски за инцидентот: Во возилото бев сопатник, но мора некако да се оправда следењето и застанувањето

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, потенцираше дека возилото е сопственост на лизинг компанија и истото добиено е на користење, уредно со договор со сите документации.

„Во самото возило јасно се гледа сообраќајната дозвола дека возилото поминало на тест и може да има таков тип на фолија. Инаку, возилото коешто не следеше исто така имаше такви фолии кои не се гледаше кој управува со возилото и го видовме преку шофершајбната. Моето возило не е службено, тоа е возило на лизинг компанија, со коешто имаме договор на користење и го користиме со полномошно. Ние државни ресурси не употребуваме во изборниот процес. И како сум влезен во кандидатура за градоначалник, во ниту еден момент не користам службено возило, туку користам и рентам приватно возило кое согласно закон има право да има затемнети стакла. Но, суштината тука не се работи за затемнети стакла.
Стаклата не се прекршок со којшто компезно градоначалникот се затвора во кола без никакво образложение како најголем криминалец се шета низ целиот град со ротации и се води на технички преглед. Тоа се решава за 5 минути. Не добив никакво образложение од страна на полициските службеници кои и немаа одговор, бидејќи цело време комуницираа на
телефон и по други средства за комуникација, претпоставувам со нивните претпоставени, па тие нека дадат објаснувања“, рече Димитриевски.

Тој ги демантираше натписите на одредени електронски портали и медиуми дека има управувано со моторно возило и наводно истото не било регистрирано.