САД и ЕУ „силно“ го поддржуваат европскиот пат на западен Балкан

Соединетите држави и Европската унија се согласиле да го зајаканат заедничкиот ангажман за да им помогнат на замјите од западен Балкан на нивниот европски пат, се наведува во заедничката изјава објавена во средата.

„Ја истакнуваме напатра потполна поддршка на процесот на приширување на ЕУ. Пристапувањето на ЕУ, што е приоритет за кој се изјасни целиот западен Балкан, помага во консолидирањето на демократските институции, ги штити темелните права и го промовира владењето на правото“, се наведува во усогласените изјави по минатонеделната средба во Вашингтон на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Барељ и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Во изјавата се вели дека пристапните преговори со Македонија и Албанија би требало да бидат отворени без дополнителни одложувања, Се повторни и цврстата поддршка на ЕУ и САД за Босна и Херцеговина.

„ЕУ и САД се обединетите во цврстата поддршка на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и и на заедничката работата на поттикнувањето на избори и уставни реформи и одржувањето на функционалноста на нејзините државни институции. Седиозно сме загрижени од сѐ посилната реторика која ја дели Босна и Херцеговина. Ги повикаме сите страни да ги почитуваат и да ги штитат државните институции, да го продолжат конструктивниот дијалог и да преземат чекори за напредок на патот на интеграциите во ЕУ, вклучително и релевантните реформи. ЕУ и САД се подготвени да ги олеснат овие чекори“, се вели уште во задничката изјава.

Борел и Блинкен, исто така, ја истакнуваат важноста од дијалогот меѓу Белград и Приштина, кои се „клучниот механизам за сеопфатна нормализација на односите“. И во овој случај се повикуваат и двете страни да „работат на попуштање на напнатостат и избегнување чекори кои се закануваат на стабилноста“.

САД и ЕУ ги повикуваат политичките сили во Црна Гора заедно да работата на „зачувување на стратешката ориенатација којашто ја одразува желбата на граѓаните на Црна Гора да се постигнат реформитте неопходни за нивните надежи во иднината во ЕУ станата стварност“.