Полицијата ноќта во саботата открила девет мигранти од Индија во оставено возило во близина на царинскиот терминал кај граничниот премин Богородица кон соседна Грција, а кое претходно не застанало на знакот за сопирање.
Во возилото е пронајден и совозачот, кој е приведен а миграните биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
На автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – село Смоквица“, полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица“.
По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот 24-годишник од скопското село Арачиново. Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија. Совозачот бил приведен, а миграните биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за натамошна постапка.