Уставниот суд ја прифати тужбата на Беса, нема да има прегласување во Желино

Управниот суд ја прифати тужбата на Движењето Беса, со која се оспорува одлуката на Државната изборна комисија за прегласување во Општина Желино.

Управниот суд одлучи во корист на тужителот на Движењето Беса и го потврди прелиминарниот изборен резултат каде победи кандидатот на Беса, Блерим Сејдиу.

Претходно, по одлуката на ДИК за прегласување во Желино, во петокот на 5 ноември, Арјанит Хоџа пред медиумите рече дека ДУИ манипулира со изборниот резултат и дека неговата партија дискутира за излегување од влада.

Тој дури рече дека нема да биде министер во овој владин кабинет.

– Јас за себе, тргнувајќи од мојот личен интегритет, јас, дури и да одлучи партијата да продолжи да биде дел од владата, јас нема да бидам министер во оваа влада, и ова е изјава од која не планирам да се повлечам, изјави Хоџа.

Тој ден доцна вечерта, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави фотографија на Фејсбук каде на маса е заедно со претставници на Беса, АА, Алтернатива и Левица, со што објави дека ја обезбедил потребната бројка за уривање на владата.