Астронаутката Ванг Јапинг во понеделникот стана првата Кинеска којашто изведе вселенска прошетка, чијашто цел е работа на градењето на вселенската орбитална станица на која работи најголемата нација на Земјата.
Четириесет иедногодишната пилотка и полковничката на кинеските воздухопловни власти, го извела својот дел од работата во рамкиет на мисијата на леталото „Шенжу-13“, лансирано кон средината на октомври.
Екипажот, кој покрај полковничката Вонг го сочинуваат и двајца астронаути, на „Тианхе“ (Небеска хармонија), еден од трите модула кој е веќе во орбитат, ќе остане шест месеци што е рекорд во веселенската програма на Кина. Трите модула на крајот ќе ја создадат кинеската вселенска станица. Нивната мисија е да продолжи градењето на станицата, но и да се тестира способноста на екипажот да издри толку долг престој во нулта гравитација.
Заедно со 55-годишниот генера Жи Жиганг кој е командант на мисијата, Ванг Јапинг извела шест ипол часовно излегување во отворената Вселена ноќта кон понеделникот, соопшти Кинеската вселнеска агенција задолжена за летови на луѓе во космосот CMSA. Целта на овој излет надвор од модулот била да се вградат ново елементи на надворешната роботичка рака, да се обезбеди сигурноста на опремата и да се тесираат вселенските одела од новата генерација. Сите планирани задачи успешно се изведен, се истакнува во соопштението на CMSA.
Третата вселенска прошетка од веселенскиот модул „Тианхе“ воедно е првото излегување во отворената Вселена на екипажат на леталото „Шенжу-13“, коај во следните месеци би требало да извед уште едно, а можеби и две вселенски прошетки.
Ванг Јапинг првпат беше во Вселената уште во 2013 година, што ја прави втората Кинеска која престојувала во Вселената. Ванг е позната по тоа што во текот на својот претходен космички лет преку видео-врска во живо одржа предавање по физика за 60 милиони ученици, а овојпат има намера тоа да го повтори.
Станува збор за петтата од единаесет мисии со и без екипаж, колку вкупно ќе бидат потребни за изградба на кинеската вселенска станица. Таа би требало да биде довршена до крајот на 2022 годима. Наречена „Тиангонг“ (Небески дворец), по големината ќе биде слина на поранешната советско-руска станица „Мир“ (Свет) која беше активна од 1986 до 2001 година, а се очекува дека ќе трае најмалку десет година.