Стотици луѓе заробени на покривот поради пожар во хонконшкиот WTC

Околу 150 луѓе се заробени на самиот покрив од Светскиот трговски центар (World Trade Center), од вкупно 350 луѓе заробени во највисоките делов и на облакодерот во Хонгконг поради пожарот кој избувна во средата утрото, пренесува порталот Dimsum Daily.

Според информациите, до овој момент од зградата биле евкауирани 165 лица. Уште околу стотина биле заглавени на отворената платформа во просторот на петтиот кат, и вкупно 350 на катовите под и на самиот покрив,

Телевизијата RTHK наведува, повикувајќи се на полициски извори, дека стотина лица тргнале од ресторанот на покривот кога избувнал пожарот. Според истиот извор, досега во болниците се пренесени осум настрадани.

Ситуацијата пред зграда од 38 ката е под контрола, откако пожарникарите ја блокирале областа.

Првичната истрага покажала дека пожарот избувнал во собата со електрични инсталцаии на еден од пониските катови, од каде огнот брзо се проширил по скелиња. Локалните власти го класифицираа пожарот на нивото три од табелата со пет нивоа.

Пожарот избувнал во текот на паузата за ручек во солитерот на WTC лоциран на фреквентниот реон во заливот Каизвеј на островот Хонгконг. Локалната полиција објави дека првата дојава за пожарот дошла во 12,37 часот по локално време, 5,37 по македонско време.

Во 38-катната кула се лоцирани трговски центар со продавници и ресторани, на кои се наоѓаат деловни простории. Долниот дел од зградата, од подземниот паркинг до петтиот кат, изминатиот период бил затворен поради голема реконструкција. За посетители се отворени само рестораните од шесттиот до 13-от кат, како и канцелариските простоии од 14-от до 38-кат.