Лестер еден месец без Варди

Менаџерот на англискиот фудбалскиот прволигаш Лестер Сити, Брендан Родџерс, изјави дека тимот следните триесеттина денови ќе биде без својот најдобар стрелец, 34-годишниот Џејми Варди, поради повреда на бутниот мускул која ја здоби на мечот со Ливерпул во вторникот.

Варди во неделата не играше против Манчестер Сити поради проблем со мускулот, но против Ливерпул на теренот беше сите 90 минути.

„Не е сугерен дали до повредата дошло во дуелот со Матип или тогаш само ја почувствувал болката. Продолжи да игра, но со подоцнежниот преглед утврдено е дека ќе морда да паузира три до четири седмици“, велат од Лестер.