Во езерото Каинди во Казахстан сокриена е подводна шума, која можете да ја откриете само ако нурнете во вода.Езерото се наоѓа 129 км од градот Аламати кое настанало по земјотресот во 1911 година. Тогаш, голем одрон ја блокирал клисурата и создал природна брана.
Дождот полека го полнел местото и формирал езеро познато по своите природни убавини.Посебно се интересни стеблата кои се креваат од дното.
Водата е толку студена и проѕирна што се гледа дното кога ќе се погледне во неа.На зима доаѓаат туристи кои ловат пастрмка.