На тројца бели Американци во петокот им беше изречена пресидата доживотен затвор поради убиство од февраури 2020 година на црнец, кој џогирал а за кој мислеле дека е провалник во јужната американска сојузна држава Џорџија.
Грегори Мекмајкл, на 65 години, неговиот 35-годишен син Тревис Мекмајкл, кој и истрелал смртоносните кушруми се осудени на доживотен затвор без можност за предвремено пуштање на слобода. Нивниот 52-годишен сосед Вилијам Роди Брајан, кој ја снимал потерата по момчето, е осуден на доживотен затвор со можност да поднесе барање на предвремено пуштање на слобода. Тие во ноември беа прогласени за виновни за убиство, тежок напад и злосторничка намера да сторат кривично дело.
„Ахмауд Арбери излегол поради џогирање а на крајот трчал за да си го спаси животот“, изјави судијата Тимоти Велмси изррекувајќи ја високата казна во Бранзвик, крајбрежен град на југоистокот од Џорџија.
Обвинителите наведуваа дека обвинетите „го претпоставиле најлошото“ кога виделе дека црнец како трча во неделното попладне.
Адвокатите на таткото и синот Мекмајкл во текот на процесот тврдеа дека убиството било оправдано отако Арбери протатнел крај приодите кон нивниот дом во квартот во кој биле пријавени низа провалувања во куќи.
И таткото и синот веднаш зграбиле оружје со својот камионет и се дале во потера по Арбери, а им се придружил и Брајан.
Обвинетите се бранеа дека мислеле дека Арбери е провалник и дека неколку дена претходно го виделе како влегува во куќа во изградба. Се повикува на стариот закон според кој обичните граѓани во Џорџија можат да уапсат сомнителни лица.
По кавгата Трејвис Мекмајкл запукал и го убил 25-годишниот Арбери кој се обидел да дојде до својата пушка. Рекол дека пукал во самоодбрана.