Уапсени двајца српски државјани, шеврцувале мигранти

Од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица биле лишени од слобода Ф.С.(20) и Б.Е.(19), двајцата српски државјани.

Имено, во близина на бензинска станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило „голф“, со српски национални ознаки, управувано од Ф.С., каде како совозач бил Б.Е., било констатирано дека во возилото се превезуваат 9 лица мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје возачот и совозачот се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата мигранти се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.