Новиот бугарски премиер Кирил Петков пристигна во Скопје и се сретна со новиот македонски премиер Димитар Ковачевски.
Пред објектот на владата, бугарскиот премиер беше свечено пречекан, со црвен килим и со воен оркестар.
Посетата, како што претходно соопшти службата за информирање на бугарската влада, е по повод 30-годишнината од признавањето од Бугарија на независноста на Република Северна Македонија.
Во соопштението се наведува дека посетата ќе означи нов почеток во развојот на билатералните односи и ќе ги означи следните чекори што ќе ги преземат двете влади за решавање на отворените прашања меѓу двата соседа.