Комисијата за теренска проверка на договорите за уличното осветлување го достави извештајот за спроведената проверка во кој се утврдува дека постојат разлики меѓу изведените работи и прикажаните работи во фактурите од страна на економскиот оператор, односно истите не се совпаѓаат, објави во вторникот прадоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски
„По ваквиот извештај од комисијата, евидентно е дека е направена штета врз буџетот на општина Гази Баба. Поради тоа за утре 26.01.2022 година во 11:30 часот закажав прес конференција на која на јавноста ќе ги преставиме утврдените разлики.
„Парите во буџетот на општината се пари на граѓаните и никој нема право да ги злоупотребува. Од мене граѓаните ќе имаат транспарентно и отчетно работење, бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината“,