Ако мислите дека се знаете во негувањето на интимните делови, во ред, но не е лошо да го повторите материјалот
Користете кондоми
Покрај тоа што кондомите се заштита од полово преносливи болести и заштита од бременост, тие и помагаат на вагината да го одржува потребното pH ниво, така што добрите бактерии како лактобацила можат да преживеат
Памучна долна облека
Најдобро е да носите памучна долна облека, бидејќи таа облека „дише“ и ја впива потта.
Кегелови вежби
Правете ги кегеловите вежби кои помагаат при стегање на мускулите. Така ќе го зајакнете својот оргазам, но и мочниот меур ќе го држите под контрола.
Јогурт
Јогуртот помага во одржување на добрите бактерии кои спречуваат вагинални инфекции. Но, избегнувајте јогурт со шеќер.
Гинеколошки преглед
Еднаш годишно, мора на преглед.
Користите лубриканти
Доколку вагината е сува од различни причини, користете лубриканти.
Хигиена
Не користете интравагинални хигенски производи, затоа женскиот полов орган има способност да се чисти сам.
Возење велосипед
Ако често и долго возете велосипед , може да дојде до триење, болка, пецкање и чешање. Ако не можете да го оставите велосипедот, користете шорцеви кои се со постава во тој дел.
Антибиотиците земете ги внимателно
Уште еден непријател на добрите бактерии се антибиотиците, кои можат да ги убијат добрите бактерии кои се потребни за здрава вагина. Кога пиете антибиотици, зголемете ја количината на јогуртот.
Редоследот на позите
Не поминувајте од анален на вагинален секс, без да го промените кондомот.
Внимателно со сапунот
Не користете сапун за одржување на хигиена на гениталните органи, затоа што предизвикуваа сувост. Одржувајте ја чистотата на вагината само со вода или специјален сапун за тој дел на телото.