Украински власти: Русија гранатираше џамија во Мариупол

Руските сили гранатираа џамија во јужниот украински пристанишен град Мариупол, каде што се засолнети повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

 

Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер објави дека џамијата Султан Сулејман Величествениот во Мариупол е гранатирана од руски „окупатори“.

„Повеќе од 80 возрасни и деца се кријат таму од гранатирањето, вклучително и државјани на Турција“, се вели во извештајот.

Нема детали за загинати или ранети лица.

Москва негира дека нејзини цели се цивилни области.