Денеска (20.03.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Притоа санкционирани се 115 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.