Кина го исмева повикот на САД да се заземе страна во украинскиот конфликт

Пекинг го исмева притисокот на Вашингтон да ја натера Кина да заземе страна во украинскиот конфликт, тврдејќи дека тоа е само тенко прикриена закана што значи „Порамнете ја вашата позиција со нашата или…“.

Во карикатурата објавена на Твитер од портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан во саботата, темна човечка фигура е сликана со пиштол кој го држи на главата со рака насликана во боите на знамето на САД. Насловот над главата гласи „Заземи (моја) страна! Според кинескиот дипломат, токму тоа го мислат САД кога „ги притискаат другите да заземат страна“.

Лиџијан во текот на изминатиот месец објави уште неколку  карикатури. Во средината на март, кинескиот функционер објави светска мапа на која се само САД, Канада, Обединетото Кралство, ЕУ, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд, насловена како „меѓународната заедница“ за која секогаш слушате. Лиџијан посочи дека тоа е она што Западот навистина го мисли кога зборува за меѓународната заедница.

Во февруари, по почетокот на руската воена офанзива против Украина, претставникот на кинеското Министерство за надворешни работи објави карикатура на која е прикажан чичко Сем кој жали „Зошто Кина не може да направи повеќе за да помогне во гаснењето на пожарот? додека го гаснеше пламенот од украинскиот конфликт со бензин од диспензерот за гориво. Лиџијан сугерираше дека Вашингтон „треба да се запраша кој е тој што го започна сето тоа“.

САД, Канада, ОК, цела ЕУ, Јапонија, Австралија и неколку други нации воведоа неколку круга опсежни економски санкции кон Русија од 24 февруари. Казнените мерки, меѓу другото, се насочени кон средствата на централната банка на земјата , некои од нејзините големи комерцијални банки, цели индустрии, индивидуални деловни луѓе и највисоки функционери.

Кина, иако повикува на мирно решавање на украинскиот конфликт, сепак, одби да воведе санкции кон Русија или недвосмислено ги осуди постапките на Москва. На почетокот на март, Кина се воздржа за време на гласањето во ОН за антируска резолуција, додека неколку недели подоцна даде поддршка за документот предложен од Русија.

САД сè повеќе вршат притисок врз Кина во последниве недели, при што претседателот Џо Бајден и државниот секретар Антони Блинкен го предупредија Пекинг за потенцијалните „последици“ и „трошоци“ доколку Кина ја помогне и поддржува руската воена кампања во Украина или ѝ помогне на Москва да ги заобиколи Западните санкции.