Шаќири: Штрајкот не е основ за скратена наставна програма

Јетон Шаќири, министерот за образование, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека на вчерашниот состанок со СОНК било разговарано и за надоместување на нереализираната наставна програма за време на штрајкот на просветните работници.

– Во овие четири неработни денови има голема нереализирана програма и наставни материјали кои треба да се надоместат. Ова беше една од дискусиите на вчерашниот состанок. Побарав од СОНК како тоа да се надомести, го знаеме уставното право на децата да имаат настава, реле Шаќири.

Министерот додава дека во законот не постои такво нешто дека штрајкот е основ за скратена програма на настава.

– Ако има таква можност јас тоа би го предложил во Бирото за развој на образование, наведе Шаќири.

Тој им порача на членовите на СОНК дека децата не треба да бидат заложници на штрајкот и дека по донесените пакети со мерки од страна на Владата, наставниците не се во позиција да бараат зголемување на плати во услови економските движења се неповолни.

– Решавањето треба да биде системско со закон, а не на основа на барања на зголемувања  секоја година, смета Шаќири.

Ккао што вели тој, од штрајкот најмногу ќе загубат матурантите кои сакаат да се запишат на странски универзитет.

– Во процесот има наставници кои реализираат настава и тие се од 10 до 20 отсто. Има училишта во Град Скопје кои целосно се во образовниот процес, тие што држат настава и тие што имаа скратена програма како да се искоординираат?, прашува министерот.

Упте еднаш повтори дека за исполнувањето на барањето на просветните работници, ќе бидат потребни повеќе од две милијарди денари до крајот на оваа година и додаде дека е неблагородно во овој момент да се зборува дали наставниците ќе загубат дневници поради прекинот на работата.

– Тоа е поврзано системски, синдикатитеиспраќаат до директорите списоци, кои треба потоа да достават до општините, но не треба да се влегува во таква дискусија за доброто на процесот. Раководството на синдикатот од почетокот требало да ги извести членовите пред 11 април за тоа, изјави Шаќири..