Еден од најголемите необработени рубини на светот, наречен „Бурџ Алхамал“ беше претставен првпат во јавноста во петокот во хотелот во Дубаи и посетителите во Обединетите Арапски Емирати ќе можат да го погледат цел месец пред да биде понуден на наддавање.
Благордониот камен од 8.400 карати и 2,8 килограми „е еден од најголемите“ необработени рубини пронајдени досега и еден „од најретките“ на светот, изјави Патрик Пилати, директор на компанијата „SJ Gold and Diamond“ којашто го изложи рубинот.
„Овој необработен рубин e пронајден во Танзанија… не е загреван, што значи дека не е обработуван. Во природна состојба е и затоа е драгоцен. Пред да биде понуден на аукција, рубинот ќе мое да се разгледува следните 30 дена“, рече Пилати.
Цената на овој благороден камен со зеленкасти и темновиолетови тонови би можела да достигне 120 милиони долари.
Во март годинава гигантскиот дијамант наречен „The Rock“ првпат беше изложен во Дубаи. Тогаш аукциската куќа Christie’s објавии дека тој дијамант од 228,31 карат во форма на крушка ископан и обработен во Јужноафриканската Република пред 20 години е најголемиот бел дијамант кој досега е ставен на листата. Овој дијамант во мај ќе биде понуден на аукција во Швајцарија и се очекува дека ќе биде продаден за 30 милиони долари.