Извесен Борис Каравелов во еден од коментарите на официјалната Фејсбук страница на порталот Фактор напишал: „ЛАМБЕ. Нема да живее долго.ЛАМБЕ. Нема да живее долго“. Коментарот се однесува на македонскиот пејач Ламбе Алабакоски кој денес беше уапсен поради потпалување на таблата на клубот „Иван Михајлов“ во Битола, настан кој крена прашина во јавноста.
По денешното разоткривање на сторителот, огромно мнозинство граѓани му дадоа поддршка на Ламбе сметајќи го за херој. Партијата Левица утре организира протест во Битола на кој бара слобода за Ламбе, кривично гонење на претседателот на клубот и испраќање на протестна нота до бугарскиот амбасадор во Македонија.
Во меѓувреме, премиерот на Бугарија Кирил Петков вечерва на официјалната Фејсбук страница на бугарската влада го поздрави откривањето на сторителот на палењето на културниот центар.