Чешкиот претседател Милош Земан го одбил барањето на 127 сограѓани да учествуваат во воените дејствија во Украина во состав на силите на Киев, објави во средата вечерта на Twitter неговиот портпарол Јиржи Овчачек.
„Врз основа на негативната препорака на Министерството за внатрешни работи на Чешката Република, претседателот Милош Земан во средата 8-ми јуни, на 127 чешки државјани им го одби барањето да се приклучат на вооружените сили на Украина“, објави Овчачек.
Ова е третото одбивање на Земан, кој и во минатото беше остро критикуван поради изјавите и добрите односи со Москва, на чешки државјани да им се приклучат на Вооружените сили на Украина. Претходно на 24-ти мај биле одбиени барањата на 11 а потоа на 1-ви јуни на 80 чешки државјани. Но на 11-ти мај, Земан дал согласност за 103 Чеси да се придружат на украинската армија.
На државјаните на Чешката Република им е дозволено да служат во вооружените сили да други држави само со дозвола на шефот на државата, кој е и врховен командант на чешката војска. Но, барањата мора да минат низ строга безбедносна проверка.
Во март годинава Овчачек објави дека Прашкиот дворец (претседателската резиденција), добил барања за одобрување за служба во украинската армија од повеќе од 300 чешки граѓани.