Најважниот фестивал во ТВ индустрија во овој дел на Европа кој што ги собира професионалците од цел свет, НЕМ Дубровник, ја угости компанијата Телеком Србија, која што во Македонија е присутна преку телекомуникацискиот оператор Мтел, како најголем производител на сериска содржина во регионот.
Телеком Србија во рамките на главната програма на фестивалот, ја претстави својата продукција со краток преглед на осум најпопуларни авторски серии, а посетителите на фестивалот имаа можност да ги погледнат и премиерите на новата играна серија на оваа компанија насловена „Златно момче“ („Zlatni dečko“) чија филмска верзија веќе постигна одличен успех во Србија, како и серијата „Прошетка со лав“ (,Šetnja sa lavom“), современа приказна која што носи своевидно освежување на малите екрани.
„Телеком Србија за кусо време стана најголем произведувач на ТВ содржини во регионот, и на тој начин внесе големи промени во филмската и сериската продукција во Србија и околните земји. Нашата амбиција е со квалитетна и разновидна понуда да станеме регионален лидер во доменот на мултимедиумите и да продолжиме со успешна интернационализација на нашите серии ширум светот промовирајќи го Балканот како плодна почва за производство на квалитетна содржина“, изјави генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.
Настапот на српската компанија предизвика голем интерес на учесниците и постетителите на фестивалот, а реакцијата на публиката на прикажаната содржина го потврди врвниот квалитет кој што подолго време им се припишува на сериите од продукцијата на Телеком Србија, која што ги вклучува најголемите имиња на српската и регионалната кинематографија.
Освен популарноста кај публиката на Балканот, сериската содржина на Телеком Србија бележи и интернационални успеси, па некои од најгледаните наслови на оваа компанија веќе се најдоа во понудите на стриминг платформи во Европа, САД, Латинска Америка, како и на Блискиот исток и Индија. Исто така, позитивните реакции на сериите на Телеком Србија не изостанаа ни на тридневниот фестивал во Дубровник. Помеѓу стотиците учесници на НЕМ, Телеком Србија се издвои со квалитена понуда, со која што ја потврди својата позиција во доменот на продукција на врвни серии во регионот и покажа дека е подготвен да им парира на најголемите ТВ продукции на светот.
Сериите од продукцијата на Телеком Србија, меѓу кои мегапопуларната „Беса“, „Државен службеник“, „Клан“ и многу други, кај нас премиерно се прикажуваат на каналот Суперстар, кој што е дел од понудата на сателитската телевизија MSat TV на телекомуникацискиот оператор Мтел.