Зеленски: Нападот врз Украина е првиот чекор на руското освојување

Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски jа повика во средата Европската унија да ги заостри санкциите против Русија и предупреди дека руските сили би можеле да нападнат други земји по инвазијата врз неговата земја.

„Како и во минатото, руската инвазија врз Украина е првиот чекор што треба да го отвори патот на руското раководство кон другите земји и освојување на други народи“, рече Зеленски.

Обраќајќи се пред во двата дома на чешкиот парламент преку видео-врска, тој ги повтори повиците кон ЕУ да и дозволи на Украина да тргне на патот кон членство во ЕУ со тоа што ќе ѝ даде статус на кандидат.