Припадници на британската Специјална воздушна служба (SAS) учествуваат во борбите во Украина на страна на украинските единици, вели американски платеник кој исто така учествувал во борбите во преписката којашто на Twitter ја објави американскиот истражувачки новинар Сет Харп.
Опишувајќи ги бројните проблеми кои произлегуваат од лошото командување и координацијата со украинските сили, за големите загуби итн, американскиот борец наведува една епизода со британски војник.
„(Украинските сили) постојано пукаат врз своите. Само што загубивме снајперист од британските специјални сили SAS, борецот настапуваше на позиција, но украински БТР (оклопен транспортер) гои претвори во права, бидејќи никој не го предупредил екипажот“, навел меѓу другото во преписката американскиот доброволец во Украина.
Претходно месецов руските медиуми пренесоа информација од безбедносните структура дека дваесеттина активни специјалци на британски SAS биле уфрлени на боиштето крај Лвов, на западот на Украина. По тие информации, челникот на рускиот Истражен комитет, Александр Бастрикин, нареди анализирање и документирање на таквите информации.
Минатиот петок руското министерство за одбрана објави детален список со странски платеници кои војуваат на страната на Украина, а притоа кога станува збор за Велика Британија беше наведено дека со 422 платеници кои пристигнаа, 101 загинаа и 95 кои ја напуштија Украина.
An incredibly sobering account of the battle of Severodonetsk from an American volunteer with the Ukrainian army. pic.twitter.com/usxUIYfQR6
— Seth Harp (@sethharpesq) June 18, 2022