Израелските власти соопштија ќе го тестира куршумот кој бил смртоносен за палестинско-американската новинарка Ширин Аби Аклах, за да се утврди дали ја убил израелски војник, и истакнаа дека во текот на постапката ќе биде присутен американски набљудувач.
Палестинците, кои во саботата му го предадоа фаталниот куршум на американскиот безбедносен координатор, во неделата соопштија дека добиле гаранции дека Израел нема да учествува во балистичкото вештачење коешто би можело да даде резултат за неколку часа.
Сѐ уште нема официјална реакција од Вашингтон, имено во САД е празничен викенд по повод одбележувањето на Денот на независноста 4-ти јули.
Смртта на Ширин Абу Аклех, домицилна репортерка на панарапската катарска телевизија Al Jazeera, на 11-ти мај во текот на интервенција на израелските безбедносни сили во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна од 1967 година, како и спорот околу околностите за инцидентот, ја засенија посетата на американскиот претседател Џо Бајден која треба да следи подоцна во јули.
Палестинците ги обвинуваат израелската војска дека намерно ја убила новинарката. Израел тоа го негира, наведувајќи дека Аби Аклех можеби била погодена во вкрстен оган или е жртва на еден вооружен палестински напаѓач кој се судрил со израелските сили.
„Балистичкото испитување нема да биде американско. Тестирањето ќе биде израелско, само со американско присуство Во наредните денови или часови ќе биде јасно дали случајно ние сме ја убиле или тоа биле палестински вооружени напаѓачи. Доколку ние сме виновни, ќе ја преземеме одговорноста и ќе се извиниме“, изјави израелскиот воен портпаролот, генерал-мајорот Ран Кошав.
Акрам ал-Катиб, главен обвинител на Палестинската самоуправа, изјави дека тестирањето ќе се одржи во американската амбасада во Ерусалим.
„Добивме гаранции од американскиот координатор дека тие ќе го извршат испитувањето и дека израелската страна нема да учествува“, изјави Катиб за палестинското радио, додавајќи дека очекува дека куршумот ќе биде вратен веќе в недела.
Портпаролот на американската амбасада изјавил дека во овој момент„ немаа нови детали“.
Се очекува дека американскиот претседател Бајден ќе одржи одделни состаноци со палестинските и израелските челници од 13-ти до 16-ти мај. Случајот на Ширин Абу Аклех ќе биде дипломатски и домашен тест за новиот израелски премиер Јаир Лапид.
„Ќе биде потребно неколку дена и неколку стручњаци за спроведување на балистичкиот тест за да се осигури веродостојна процена“, изјави израелскиот заменик министер за внатрешна безбедност Јоав Сегаловиц за военото радио.