Во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 751 возач.
Од нив, 488 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 133 возеле без возачка дозвола, 28 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.