Ноќта кон четвртокот, половина час по полноќ, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници ги привеле 33-годишниот П.С. и десет години помладиот И.П., идвајцата од Кичево, поради поседување наркотици, соопшти во четвртокот СВР Охрид.
Имено, при контрола на патнички возило „фолксваген пасат“, со кичевски регистарски ознаки, полициски службеници ги забележале лицата како исфрлаат две пакувања, кои откако биле пронајдени, констатирано е дека во нив има кокаин. Исто така, во возилото биле пронајдени уште три пакувања со кокаин. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претходно во средата вечерта полициските службеници СВР Охрид го лишиле од слобода 62-годишниот Б.А. од Охрид затоа што околу 19 вечерта часот на улица „Српница“ во Охрид физички го нападнал 48-годишниот сограѓанин Н.П.
Охридската полиција, покрја тоа поднела кривична пријава против В.С., на 39 години од охридското село Горно Лакочереј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Таа, во периодот од 28.05.2022 до 15.06.2022, на лице од село во општина Дебарца му упатила повеќе закани и во неколку наврати му одзела вкупно 172.000 денари.