Украинската војска негираше во петокот дека го гранатирала затворот во Еленовка, во отцепената доминатно руска покраина Доњецк, во кој биле сместени заробените нејзини војници, во напад во кој загинале повеќе десетици луѓе.
Во петокот проруските сепаратистички власти во Доњецк објавија дека во украинското гранатирање загинале најмалку 53 заробени припадници на злогласниот националистички баталјон „Азов“, а уште 73 други се ранети, како и осум припадни и на проруските сили кои го обезбедувале затворот.
„Злосторничкиот киевски режим намерно ги убива украинските милитанти кои се предадоа, за да ги прикрие трагите од воените злосторства извршени врз цивилното население на Донбас и со тоа да ги принуди другите милитанти да продолжат со непријателствата а не да се предаваат“, објавија од ткн Народна милиција на самопрогласената Народна република Доњецк.
Претходно руското министерство за одбрана потврди дека украинската армија извршила ракетирање со повеќекратните ракетни системи со висока мобилност и долг дострел HIMARS, испорачани на Киев од САД.
Москва, исто така, тврди дека затворот со украинските војници бил намерно гранатиран за да се заплашат другите да не се предаваат и да не сведочат за операциите на украинската војска. Во споменатиот затвор во Еленовка биле сместени припадниците на баталјонот „Азов“ кои се предадоа кон средината на мај по долгата опсада на металуршкиот комбината „Азовстал“ крај јужниот пристанишен град Мариупол.
„Вооружените сили на Украина, кои целосно се придржуваат на принципите и нормите на меѓународното хуманитарно право, никога не и не бомбардираат цивилна инфраструктура, особено не подрачја во кои веројатно се заточени воени заробеници“, тврди Киев.
Западните медиуми наведуваат дека не можат да ги проверат овие информации од независни извори, додека руските медиуми потсетуваат на гранатирањата изминатите осум години врз цивилната инфраструктура во одметнатите региони во кои се убиен илјадници цивили, меѓу кои и стотици деца.