Цените на нафтата пораснаа во четвртокот на меѓународните пазари близу 95 долари за барел, имајќи предвид дека силниот пад на резервите во САД и очекувањата на за намалување на испораките од Русија кон крајот на годината го потиснаа во втор план стравот од рецесија.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше повисока за 1,33 долари отколку на затворањето на вчерашното тргување и изнесуваше 94,98 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 99 центи повисока цена отколку во средата, од 89,10 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) ниту во четвртокот не ја објави цента на барелот на кошницата референтна нафта на нејзините членки. Во вторникот изнесуваше 97,44 долари за барел.
Во средата расположението на пазарот беше придушен од стравот од глобална рецесија поради слабите податоци за градењето на станбените недвижнини во САД и подзастанувањето на стопанските активности во Кина под притисокот на строгата политика на нулта толеранција на Covid-19.
Трговците, сепак, беа охрабрени од извештајот на Вашингтон дека резервите на сирова нафта во САД минатата седмица паднале за 7,1 милиони барели, а извозот достигнал 5 милиони барели дневно, највисоко ниво откако министерството за енергетика ги објавува овие податоци.
Поддршка на цените денеска им дадоа и предупредувањето за забраната на Европската унија за увоз на руска нафта и деривати би можело драматично да го намали снабдувањето.
„Ембаргото на ЕУ ќе ја принуди Русија до крајот на годинава да го запре производството на околу 1,6 милиони барели дневно. Во 2023-та производството би требало да порасне на 2 милиони барели дневно. Ембаргото на руската нафта значително ќе ги притисне пазарите и ќе ја подигне цената на барелот во Лондон до крајот на годината до 119 долари“, се предвидува во белешката за коминтентите консултантската куќа „BCA Research“.
Русија, пак, од своја страна предвидува раст на производството и ја извозот до крајот на 2025 година, според документот на министерството за економија кој агенцијата Reuters го добила на увид. Во Москва проценуваат и дека приходите од извозот на енергенсот ќе им порасната за 38 отсто оваа година, делумно и затоа што би требало да извезат повеќе нафта.