Триесетгодишната Дарја Дугина, ќерка на влијателниот руски политички филозоф Александар Дугин е убиен во саботата ноќта во Москва кога експлодирал автомобилот кој го управувала, а властите отворија истрага за убиство,пренесуваат руските медиуми
Андреј Краснов, челник на општественото движење руски хоризонт и личен познаник на семејството Дугин, изјави за ТАСС дека жената загинала кога автомобилот се запалил по експлозијач
„Кога Дрја свртела на автопатот во близина на селото Баљшое Вјазми, дошло до експлозија, автомобилот веднаш се запалил. Пламенот целосно ја проголтал. Изгубила контрола будејќи возела со голема брзина и одлетала во спротивната страна на коловозот“, изјавил Краснов.
Фотографии и снимки по експлозијата беа објавени на социјалните мрежи, и прикажуваат возило во пламен на работ од коловоз и расфрлани делови од автомобилот. На некои од нив се тврди дека го прикажуваат Дугин кој по грозната вест дошол на местото на несреќата.
За повеќето руските политички дејци, станува збор за атентат извршен од „украинските терористи на киевскиот режим“, чијашто цел всушност бил Александар Дугин, бидејќи ќерката во тој момент го управувала неговиот автомобил.
Краснов за ТАСС потврдиле дека автомобилот со кој патувала Дугина припаѓал на нејзиниот татко, но дека тој заминал одвоено.
Според руските медиуми, двајцата требало да се вратат од настан во саботата ноќта со исто возило, но таткото сепак заминал со друго возило.
Александар Дугин во Русија го доживуваат како патриотски писател и филозоф а на запад како крајно десен идеолог и политиколог кој бил „архитект“ или „духовен водач“ на руската воена операција во Украина. Се тврди, исто така, дека има значително влијание врз рускиот претседател Владимир Путин и на западот често го опишуваат како „мозокот на Путин“.
Дарја Дугина е родена во 1992 година и студирала филозофија на Московскиот државен универзитет. Таа беше политички коментатор во Меѓународното евроазиски движење, на чие чело е нејзиниот татко.
Во март 2022 година Бирото за контрола на странска сопственост (OFAC) при американското Министерство за финансии ја санкционираше Дарја Дугина поради нејзин „придонес во напис“ на веб-страницата United World International (UWI), чија главна уредничка била, во кој се сугерира дека Украина ќе пропадне доколку би била примена во НАТО.
Allegedly Dugin at the location where his daughter was assassinated. pic.twitter.com/2dHo6T4I27
— Dmitri (@wartranslated) August 20, 2022
BREAKING: Daughter of Aleksandr Dugin, who is often called “Putin’s brain,” killed in car explosion near Moscow pic.twitter.com/pSkBK8ENGO
— BNO News (@BNONews) August 20, 2022