10.8 C
Skopje
среда, декември 11, 2024

Џамбаски: Со луѓето зад Деве Баир сме еден народ, разделен со вештачка граница

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска на неговиот Фејсбук профил објави нова провокација кон Македонија.

Тој одбележа 126 години од раѓањето на Ванчо Михајлов објавувајќи провокативна порака.

Џамбаски рече дека „со народот зад Деве Баир, ние (Бугарите) сме еден народ поделен со вештачка граница“. Тој и претходно македонските ги нарекуваше бугарски градови. Дури објавуваше и карти во кои Македонија и Бугарија се една држава.

„126 години од раѓањето на Иван Михаилов.
Легендарниот лидер на #ВМРО, го водеше во клучните години по смртта на Тодор Александров. Времиња на предавства, тешкотии и поделби и во #Организацијата и во бугарското општество.
Лагите денеска царуваат кај Вардар. Лага која Иван Михаилов ја разоткрива илјадници пати во својата дејност. Неговото име сè уште влева страв кај предавниците и Србите во Северна Македонија, па се прави се за да се плукаат, а неговите зборови да се извадат од контекст и да се стават во служба на лагата на македонизмот.
Доброто е што има написи, интервјуа и книги во кои јасно гледаме како се дефинира Иван Михаилов, што мисли за населението во Македонија и како младите треба да се доживуваат себеси.
Со луѓето од зад Деве Баир, ние сме еден народ, разделен со вештачка граница.
Нашата борба за единство продолжува. Како што ни оставија во аманет големите водачи на ВМРО.
Почит кон животот и делото на Иван Михаилов!“, напипа тој.