Завршен најголемиот погон за складирање јаглерод диоксид во Кина

Кинеската нафтена компанија „Sinopec“ објави во понеделникот дека ја ставил во функција најголемата постројка за фаќање, користење и складирање јаглерод (CCUS), додавајќи дека во 20205 година планира да изгради уште две постројки со слична големина.

„Sinopec“ е меѓу водечките компании кои ги започнаа пилот-проектите за фаќање и складирање јаглерод диоксид во Кина, за да се создадат услови за пад на емисиите на јаглероди по 2030 година, во согласност со плановите на владата во Пекинг.

Државниот нафтен гигант започна да го гради овој погон пред повеќе од една година, кој би требало да го фаќа јаглерод диоксидот од производството на водород во неговата рафинерија во Килу во покраината Шандогн и ќе го вбризгува во 73 нафтени бушотини во блиското нафтено поле Шенгли.

Се проценува дека во следните 15 години во нафтеното поле ќе бидат вбризгани 10,68 тони јаглерод диоксид и со тоа ќе го зголеми производството на сирова нафта за речиси три милиона тони. Моментално јаглерод диоксидот со камиони се пренесува од рафинеријата до нафтеното поле, а се очекува дека до крајот на годинава ќе биде довршен цевководот за негово транспорт, прв од таков вид во Кина.

„Процесот за фаќање, користење и складирање јаглерод (CCUS) во Кина и натаму е во експериментална фаза, но може да се мери со проектите во слични земји, иако заостанува во клучното знаење во одредени области“, велат од „Sinopec“ во соопштението за јавноста.

Компанијата минатата 2021 година зафатила и складирала повеќе од 1,52 милиони тони јаглерод диоксид, а планира уште два пилот-проекти во следните неколку години на нафтените полиња Хуадонг и Џиангсу. Ќе бидат разгледани и можностите за основање истражувачко-развиен центар до 2025 година, кој би се фокусираа на развој нови технологии, како што е поврзувањето на фаќањето и складирањето на јаглерод диоксид со енергијата од ветрот и сонцето и се енергијата од водородот и биомаса.