Европа не може долго да издржи со високите цени на гасот, проценува RWE

Европа би требало да ја закочи побарувачката за да ја репи енергетската криза и не може долго да се справи со високите цени на гасот, предупредува челникот на германската енергетската компанија RWE, Андре Штраке.

Земјите од Европската унија, па и повеќето на европскиот континент, се под ризикот за најголемата криза во снабдувањето со гас во историјата, откако руски „Газпром“ ги запре испораките на гасот преку гасоводот Северен тек 1, поради дефект и со последната функционална гасна турбина, која како и другите пет мора да ги ремонтира „Siemens“. Но германската компанија е ограничена со западните санкции против Русија поради војната во Украина.

Цените на гасот на пазарот во Европа, кои започнаа да се искачуваат на рекордни нивоа уште есента минатата 2021 година, дополнително се поддржани од санкциите и запирањето на испораките од Русија, како и од намалените нарачки од земјите во ЕУ според намерите да се намали зависноста од увозот на руските енергенси.

Таквата неповолна енергетска ситуација принуди многу европски земји да се подготват за можно рационализирање на потрошувачката и на граѓаните и компаниите да им помогнат при плаќањето на сметките. ЕУ од 27-те земји членки уште во јули побара зимава доброволно да ја намалат потрошувачката на гасот за 15 отсто, а министрите за енергетика би требало во петок да ја разгледуваат и можноста за ограничување на цените на рускиот гас. На тоа Москва се закани за прекин на сите испораки на енергенсите во Европа.

Челникот на германска RWE, смета дека ограничувањето на цените на гасот, без разлика на резервите или за новите увезени количества, нема да помогнат за надминување на енергетската криза, сугерирајќи го како можно решение намалувањето на побарувачката.

„Мора да имате доза на разорување на потрошувачката, бидејќи снабдувањето би можело да биде побрзо. Високите цени се добра причина да биде закочена побарувачката, но знае дела тоа е политички тешко изводливо“, истакна Штраке на собир во Италија.

 

Светот живее во циклуси, течниот гас е скап

Челникот на споменатата германска енергетска компанија смета дека Европа нема засекогаш да се откаже од рускиот гас, имајќи предвид дека трошоците за компаниите и домаќинствата се големи.

„Светот живее во циклуси. Се сомневам дека Европа може на подолго време да си дозволи толку високи цени на енергијата“, оцени Штраке.

Германскиот стручњак и бизнисмен предупреди дека Европа, доколку сака да увезува повеќе течен природен гас (LNG), би морала повеќе да вложува и во терминали на копното.

„Пливачките простори за складирање (FSRU) би требало да бидат краткорочно решени“, смета Штраке.

Аналитичарите проценуваат дека Европа во следните десет години ќе мора да увезе околу 200 милиони тони течен природен гас, за постепено да го укине увозот на рускиот гас.
Германија, најголемиот европски увозник на рускиот гас, има потреба од 40 милиони тони LNG за да ги замени 55-те милијарди кубни метри гас кои преку гасоводот ѝ стасуваше од Русија. Покрај тоа, Германија ја суспендираше и почетокот на завршениот и наполнет со гас, гасоводот Северен тек 2 преку кој ќе ги удвоеше испораките на поевтиниот руски гас, па дури и ќе можеше да го препродава натаму во Европа.

А челникот на германскиот енергетски регулатор, Клаус Милер, вели дека на Германија оваа зима би ѝ биле потребни на располагање до три плутачки терминали за увоз на LNG и шест до седум следната 2023 година за да ги замени испораките од Русија.

 

Најлошото допрва доаѓа

Главниот извршен директор на германскиот увозник на гас „Uniper“, Клаус-Дитер Маубах тврди дека најлошото допрва доаѓа, имајќи предвид дека цените ќе продолжат да растат поради загриженоста за снабдувањето од Русија во текот на есента и зимата.

„Го кажав тоа повеќепати претходно годинава. Најтешкото допрва доаѓа. Цените на пазарите на големо се 20 пати повеќе отколку пред две години. Дваесет пати повисоки! Затоа мислам дека мора да имаме навистина отворена дискусија со сите одговорни лица за тоа како тоа да се поправи“, додаде.

Неговата компанија „Uniper“ кон крајот на август од владата во Берлин побара нов итен заем од четири милијарди евра, над веќе искористените девет милијарди, за да може да се справи со силниот раст на пазарните цени.

Во јули владата на „Uniper“ му осигури 15 милијарди евра помош, преземајќи 30-процентен сопственички удел и ветувајќи девет милијарди евра кредитна линија преку државниот заемодавец KfW.

Поради острото намалување на руските испораки на гас преку Северен тек 1, „Uniper“ мораше да го купува гасот на физичкиот пазар, по значително повисоки цени во споредба со оние според долгорочни договори со руски „Газпром“, за да може да ги исполни своите обврски кон потрошувачите, па сега има проблеми со ликвидноста. Во првата половина од годинава компанијата работела со него загуба од 12,3 милијарди евра.