Јапонец заработува за да не работи ништо

Јапонецот Шоџи Моримото заработува а не работи речиси ништо, а многумина би рекле дека има работа од сништата за која инспирацијата ја добил откако на работното место му преговарале дека не работи ништо.

Овој жител на Токио им наплатува 10.000 јени, или околу 70 американски долари, по ангажман на клиентите само за да им биде придружник.

„Во суштина се изнајмувам себеси. Мојата работа е да бидам каде и да моите клиенти сакаат да бидам и да не работам ништо посебно“, вели 38-годишниот Моримото за Reuters додавајќи дека во последните четири години бил ангажиран околу 4.000 пати.

Моримото има речиси четири милиони следбеници на Twitter, каде што ги пронаоѓа повеќето свои клиенти. Околу четвртина од клиентите повторно ги бараат неговите услуги, вклучително и еден кој го ангажирал дури 270 пати.

„Професијата“, на пример, го однела во парк со лице кои што сакало да си игра на клацкалка. Во друга прилика му мавтал низ прозорецот на воз на целосно туѓо лице коешто некој сакал да го испрати.

Од друга страна, одбил некои понуди, како во случајот кога требало да премести ладилник и да оди во Камбоџа, а и не прифаќа барања со сексуална природа.

Пред извесно време Моримото седел наспроти Арута Чида, 27-годишна аналитичарка на податоци, облечена во сари, и разговара со неа со чај и колачиња. Чида сакала да ја носи индиската облека во јавноста, но се плашела дека со тоа би можела да ги посрамоти своите пријатели. Затоа му се обратила на Моримото за друштво.

„Со пријателите чувствувам дека морам да ги забавувам, но со изнајмувачот (Моримото) не чувствувам потреба да брборам“, вели Чида.

Пред да ја пронајде својата вистинска „професија“, Моримото работел во издавачка фирма и често му приговарале дека „не работи ништо“.

„Почнав да се прашувам што би се случило кога својата способност ‘да не работам ништо’ би ја пружил како услуга за клиентите“, вели Јапонецот.

Дружењето во моментов е единствениот извор на приходи за Моримото со кои ги издржува сопругата и детето. Иако не сакал да открие колку заработува, рекол дека дневни услужува еден до два клиента. Пред пандемијата имало тројца или четворица дневно.

Моримото размислува за бизарноста на својата работа и се чини дека ги доведува во прашање општеството коешто ја цени продуктивноста и ја исмејува бескорисноста.

„Луѓето имаат тенденција да мислат дека моето неработење вредно бидејќи е корисно за другите (…) Убаво е навистина да не се работи ништо/ Луѓето не мора да бидат корисни на некој одреден начин“, заклучува Моримото.