Колоната со украинскиот претседател Владимир Зеленски учестувала во сообраќаен инцидент во Киев, информираше неговиот портпарол Сергиј Никифоров рано утрото во четвртокот.
Како што појасни Никифоров, возило се судрило со автомобилот на Зеленски, но и со други автомобили од неговата колона со возила.
Додаде дека Зеленски бил прегледан од лекар и дека немал повреди при несреќата. Медицински лица кои го придружувале украинскиот претседател го пренеле возачот на другото возило во болница. Полицијата го истражува инцидентот.