Фудбалерите на Удинезе се пробија на третото место на табелата на италијанското првенство откако во понеделникот вечерта во последниот дуел од осмото коло на гости со 2:1 ја совладаа Верона.
Играчите на Верона успеаја да поведат во 23 минута со голот на Џош Доиг кој беше прецизен од десетина метри откосо по левата страна. Меѓутоа, во второто полувреме следеше резултатскиот пресврт. Прво во 70 минута Бето израмни, а во третата минута од судиското продолжение на мечот Џака Биџол беше највисок во скокот по нафрлувањето на Лазар Самарџиќ.
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски во 81 минута влезе во тимот на Удинезе на местото под Жерар Деулофеу.
Удинезе сега со 19 бодови е со само бод помалку од водечкиот двоец Наполи и Аталанта, а дава бода повеќе од четвртиот Лацио и петтиот Милан. Верона, пак, сѐ уште е во зоната на испаѓање, 18-та е со само пет бодови.