Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 попладнево во Елбасан забележа убедлив триумф над домаќинот Албанија со 5-2 (2-2) во воведното коло од квалификациите во рамките на Лигата Б за пласман на Европско првенство 2023 година што ќе се одржи во Естонија.
Избраничките на селекторот Катерина Милеска поведоа во 13 минута со голот на Ива Јованоска, по што домаќинките за две минути направија резултатски пресврт преку Ера Метохоџа (33 ) и Клеста Аго (34), но во судиското продолжение на првиот дел израмни Слаѓана Ѓорѓиева.
Во продолжението македонските фудбалерки дојдоа до заслужена победа преку двојниот стрелец Јана Павловска (52,72) и Васка Василева (87).
Македонија во второто коло во рамки на групата 2 ја очекува дуел против Косово, в петок, додека квалификацискиот турнир во Албанија ќе го заокружи против Молдавија на 24 октомври.
(МИА)