Вие го преземавте целокупниот прогон на македонските патриоти и херои. Сега сакате да направите политички дефокус со искривување на тези за да го сокриете фактот дека сте со скршена политичка кичма пред Бугарија и по цена на отворање на клубови кои промовираат фашизам. Вие промовирате фашизам со тоа што се отвораат овие клубови со имиња на контроверзни личности, рече Жаклина Пешевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма обраќајки се на пратеникот од СДСМ Мартин Костовски кој беше дел од дебатата.
Пешевска објасни дека ВМРО-ДПМНЕ има континуитет на борбата на македонскиот народ за слобода и еднокавост.
„Инаку во текот на историјата секогаш имало контроверзни личности, но јасен е ставот за истите. Тоа што се случувало во минатото никој не може да го смени“, укажа таа.
Пратеничката ја коментираше и работата на Собранието.
„Нивото на дебата е многу ниско иако имало и некои светли точки. Но, нашата активна блокада е поради злоупотреба на европско знаменце, немаше пратенички прашања девет месеци или поради неодговорното однесување на мнозинството. Мнозинство гласа на сила дневни редови, јавните расправи се проформа но за тоа е виновно мнозинството“, рече Пешевска.