Градоначалникот на општината Бутел преку статус на Фејсбук пишува дека од утре општината обезбедува бесплатен превоз за сите стари и изнемоштени лица поради протестот на возачите на автобусите на ЈСП.
-ОПШТИНА БУТЕЛ ОБЕЗБЕДУВА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА СИТЕ СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА‼️
Поради вонредната и новонастаната ситуација со прекинот на градскиот превозот поради штрајкот во ЈСП, Општина Бутел своите општински возила ги става на располагање на сите стари и изнемоштени лица кои имаат итни и неодложни алтивности во центарот на Град Скопје
За превоз може да се јаите на 075274421 во периодот од 08:00 до 16:30.
Се надеваме оваа ситуација нема да трае долго и ќе се изнајде решение. Доколку продолжи Општина Бутел заедно со општествено одговорни компании ќе понуди дополнителни решенија за да помогне на граѓаните на општина Бутел.
#СеГрижиме
#ОпштинаБутел✅, стои во неговиот пост на Фејсбук.