Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, упати честитка по повод денешниот празник 23-ти октомври.
„23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.
Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, која е константа на борбата на македонскиот народ за слобода и независност на Македонија.
Ако во една реченица треба да се опише таа херојска епопеја на подеми и падови, неспорно е да се каже дека денес славиме 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае!
Честит празник Македонијо!“, стои во неговата објава на Фејсбук.