Индексот на индустриското производство во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 96.3, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи опаѓање од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 15.6 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, на пијалаци, на тутунски производи, на хемикалии и хемиски производи, на производи од гума и производи од пластични маси, на метали, на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека бележи пораст кај Енергија за 9.2 %, Капитални производи за 1.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на периодот јануари – ноември 2021 година, изнесува 99.9.