
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денеска среде Скопје при панихидата на Мара Бунева.
– Ваквите изјави со кои се негира Македонија се последица на предавничките политики на СДС и Ковачевски. Уште посрамно е што за сето ова молчат државните институции, затоа што Бујар Османи и ДУИ како и Димитар Ковачевски и СДС се фокусирани кон криминал и тендери, наместо кон одбрана на државните интереси – велат од партијата.
Според ВМРДО-ДПМНЕ, негирањето на Македонија, во нејзиниот главен град е придобивка од политиките на Ковачевски, СДС и ДУИ.
– Џамбаски (АНГЕЛ) е дијагнозата со која СДС и Ковачевски ја донесоа во Македонија со својата безлична и предавничка политика. За да им поминуваат криминалите, СДС и ДУИ се попустливи кон секој кој има аспирации кон Македонија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со зборовите „Вечна памет на Мара Бунева“ и „Да живее Бугарија! Македонија е бугарска!“ бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски и членовите на бугарската Фондација „Македонија“ денеска го организираа претходно најавениот настан за одбележување на денот кога била убиена Бунева.
„Тука сум да ги поддржам Бугарите. Нема да ги оставам да продолжи политиката на геноцид, наложена од Комитерната. Нема да дозволам продолжување денационализација на Бугарите во Република Северна Македонија“ – рече Џамбаски.